| Земја: Република Македонија Назив на проектот: Институционален развој и јакнење на капацитетот на секторот за шумарството и под секторите на дрвната индустрија Број на проектот: TCP/MCD/3002 (A) Дата на започнување: Фебруари 2005 Дата на завршување: Август 2006 Министерство одговорно за спроведување на проектот: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Придонес на ФАО: УС$296 000
За време на последната деценија Македонија започна со промена од централно планирана економија во пазарна економија. Оваа транзиција се одвива под многу тешки економски и социјални услови. Овие услови се производ на три широки негативни развои во минатата деценија: (а) многу слаби макроекономски резултати во форма на високи падови на производството и трговијата, и високата почетна инфлација; (б) тешки кризи во состојбата на претпријатијата, финансискиот сектор и инфраструктурата; и (в) влошени социјални индикатори и покачена сиромаштија и нееднаквост. Со распадот на поранешната Социјалистичка Федеративна
Република југославија, новата влада ги сконцентрира своите напори во три
области: (а) итна стабилизација на економијата; (б) задоволување на најитните
потреби на најзагрозените луѓе; и (в) реинтеграција со меѓународната заедница.
Движејќи се на пат кон постигнување на стратешката цел за целосна интеграција
во меѓународната заедница на краткорочен и среднорочен план, постигнување
на самоодржлива економија без зависност од помош на среднорочен план,
и пристапување во Европската Заедница на долгорочен план, побарува од
Владата да усвои сеопфатни транзициони реформи и да превземе некои приоритетни
инвестиции и физички надградби за да ги задоволи трите независни, среднорочни
предизвици: Организација на Македонскиот Шумски Сектор
Меѓу 1950 и 1980 се пошумени 200.000 ха на државно земјиште,
вклучувајќи и подигање на околу 35.000 ха на борови насади воглавно со
Pinus nigra (види Табела 1). Дополнително, голините зафаќаат 200.000 ха.
Дел од овие подрачја се соодветни за подигање на плантажи. Статистичките
податоци од 1993 покажуваат вкупен волумен од 73 милиони м3. Во изминатите
години шумите беа изложени на сериозни напади од инсекти (боровиот четник)
и шумски пожари. Официјалните статистички податоци известуваат за средно
годишна изгорена површина од 4.000 ха за периодот од 1997 до 2001.
Околу 13% (види Табела 2) од шумите во Република Македонија припаѓаат на приватни сопственици, со слична распределба на видовите како кај оние кои се во сопственост на државата. Шумските имоти се наоѓаат близу стопанствениците и дрвото се користи најмногу за домашна употреба, оставајќи многу малку огревно дрво за продажба. Поради малата големина на имотите (просечна големина е во рамките на 1 ха) и податокот дека сопственикот користи најголем дел од дрвото, не постои интерес за формирање на здружение на сопственици на шуми. Владата има намера преку предложената продажба на некои шумски земјишта да овозможи зголемување на површината на приватните шуми до ниво од 15% од вкупните шуми. Табела 2. Шумски површини преку главни видови и сопственост во 2000 (ха)
Другите шумски производи како месо од дивеч, рогови, крзна, шумски семиња, овошки, бобинки, печурки за јадење, мед, плута, смола, мов за фармацевтската индустрија и лековити растенија се важен економски ресурс, особено во руралните средини. Искористувањето на другите шумски продукти е намалено во изминатата деценија и треба да се ревитализира. Мали претпријатија за други шумски продукти може да обезбедат вработувања и приходи во руралните области. Особено печурките, растенијата и дивечот во Република Македонија имаат значителен потенцијал за комерцијално искористување. Македонските шумски ресурси имаат значителен потенцијал за ширење на шумскиот туризам. Пред да започне процесот на приватизацијата постоеа десет дрвни комбинати. Типичниот комбинат вклучуваше пилана која произведува 1.500 до 3.000 м3 пилано дрво годишно, сушилница и готово производство на мебел, кујнски елементи, врати и прозорци. Сите овие единици се приватизирани или се во последната фаза на приватизација. Македонски Шуми е јавно претпријатие одговорно за планирање и извршување на шумските операции. Тоа раководи со седум пилани со годишен капацитет од 20.000 м3. Планирано е дел од овие пилани да се продадат преку берзата, иако Македонски Шуми може да реши да задржи дел од акциите. Исто така постојат и 30 приватни пилани кои произведуваат околу 30.000 м3 пилано дрво годишно. Исто така има и голем број на помали пилани кои работат повремено, кога може да набават дрво по пристапни цени (многу од овие најверојатно користат нелегално пресечени дрвја). Тешко е да се процени сегашното производство на пиланите. Постојат и околу 1000 мали фабрики за мебел кои вработуваат 2-5 лица. Статистичките податоци се нереални бидејќи многу фабрики работат нелегално. Државното шумарство е зависно од добра, исплатлива дрвна индустрија која може да ги покрие потребните инвестиции во шумарството. Промена во административните структури во државната управа за шуми и создавањето на здружение на пиланите ќе резултира со постабилна индустрија. Цените на трупците се високи па дури и повисоки од цените во Австрија, Германија и Скандинавските земји. Високата побарувачка на шумски продукти е притисната од потребата од градежно дрво, високата побарувачка на огревно дрво, руралната сиромаштија и недостатокот на можности за вработување. јавното шумско претпријатие (Македонски шуми), одговорно за шумските операции, има финансиски потешкотии и недостаток на многу од потребните вештини и алатки кои би овозможиле дрвната индустрија да биде снабдена со ефтино дрво. Слабите можности да се инвестира во основните шумски ресурси, заедно со недостатокот на ефикасна владина политика и програми за контрола и насочување на развојот на шумарството предизвикуваат дополнителни проблеми. Околу 25% од вкупната годишна сеча е нелегална и предизвикува губење на државни приходи и истовремено е штетна за животната средина. Нелегалните активности се концентрирани во руралните подрачја, каде населението има малку алтернативни можности за извори на приходи, а со тоа се спречуваат долготрајните можности за развој на овие области. Контролата на ерозијата со пошумување обезбедува иден извор на дрво за дрвната индустрија. Заштитата на боровите култури и превенцијата на нелегалната сеча се меѓу најважните приоритетни области. Некои од институционалните недостатоци во шумарството произлегуваат од недостатокот на утврдена шумска политика. Ова е комбинирано со законската рамка која ги меша комерцијалните со регулаторните (контролни) функции и шумските институции кои не се организирани и опремени да одговорат на предизвиците кои се појавени во секторот, додека државата прави постојан напор да ја постигне својата најголема цел во надворешната политика, односно да биде примена во Европската Заедница. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) е одговорно за шумарството во РМ. Одговорностите се поделени меѓу три главни тела: Државен инспекторат по шумарство и ловство и Сектор за шумска полиција, обете под надлежност на секторот за шумарство при МЗШВ и јавното шумско претпријатие: Македонски шуми. Државниот инспекторат за шумарство и ловство при МЗШВ (18 вработени) е надлежен за правни прашања и инспекција на операциите на јавното шумско претпријатие. Секторот за шумска полиција вработува 109 шумски полицајци во 19 станици. Моментално не постои координативен орган на овие два сектора. Во Владата на Република Македонија се чувствува празнина во решавањето на гореспоменатите проблеми, формулирањето на нова шумска политика, создавањето на национална стратегија за шумите, реформата и зајакнувањето на институциите на шумарството, хармонизирирањето на институционалните инструменти за шумарство со оние на Европската Заедница и подготвувањето на долгорочна национална програма за шумарството во согласност со интернационалните резолуции, со цел да се зголеми придонесот на шумарството во националната економија. МЗШВ нема доволно техничка стручност за формулирање на шумска политика, меѓу-секторска координаиција на политиката, вклучување на сите носители на одговорни функции, стратешко планирање и ревизија и хармонизација на легислативата. Република Македонија бара техничка помош од FAO, за поддршка на МЗШВ во подготовката на шумска политика и легислатива. Планиран е државен буџет од 25.000 евра годишно за одржлива имплементација на националната програма за шумарство. Кумулативно Владата ќе обезбеди околу 500.000 евра да обезбеди одржливост и соодветна импламентација на активностите предвидени во стратегијата. Оваа помош ќе овозможи во блиска иднина да се конкретизира интересот искажан од Европската Заедница да ја поддржи понатамошна имплементација на национална програма за шумарството. Оваа помош ќе биде комплементарна на сегашната билатерална помош меѓу јавното претпријатие "Македонски шуми" и Норвешкото јавно шумско претпријатие за прашања од управување на шумите и помошта на FAO за превенција од каламитети по боровите насади.
Проектот ќе ја зајакне политичката средината и институционалниот капацитет за да може одржливо да се заштитат и управуваат шумските ресурси со цел да се подобри нивниот економски, еколошки и социјален придонес во благосостојбата на Македонското општество. Помошта ќе: 1) ги поддржи формулација на нова шумска политика и планирањето на национална стратегија за шумарството во согласност со националниот развој и еколошките акциони планови и стандардите на Европската Заедница; 2) ревидирањето на законот за шуми и ќе го усогласи со новата шумска политика и регулативите и правилата на Европската Заедница.
Очекуваните резултати на проектот се:
Ќе биде воспоставен управен комитет да дава упатства и да ја надгледува работата на работните групи за шумска политика и за стратегија со цел навреме да се постигнат целите на проектот. Провизорен временски распоред на активностите е претставен во Додаток 1. Резултат 1: Ревидирање на националната шумска
политика Резултат 2: Национална стратегија за шумарство.
Резултат 3: Ревидиран и хармонизиран закон за
шуми V. ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ДОГОВОРИ И ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ Севкупната одговорност за преоектот ќе биде под Министерство
за земјоделство, шумарство и водостопанство и неговиот сектор за шумарство. VI. ПРИДОНЕС НА FAO За проектот ќе бидат обезбедени следните придонеси и
служби: • 3 мисии на советодавна техничка служба (ATS) или службеник
за шумска политика, FONP, за период од вкупно три недели (ПЗ во Додаток
8) Повремена работа и помош Работилници/семинари во земјата
Националниот координатор на проектот ќе биде главната
одговорна личност за подготовка на четириромесечни извештаи за напредокот
на проектот. Во соработка со TCDC или пензионираниот постар и националниот
консултант и во соработка со службеникот одговорен на главната техничка
единица на FAO, тој исто така ќе биде одговорен за подготовка на прелиминарниот
краен извештај. Овој прелиминарен извештај ќе биде финализиран од FONP
и предаден според утврдената процедура. VIII. ПРИДОНЕС НА ВЛАДАТА И ПОМОШНИ АРАНЖМАНИ Владата ќе придонесе во проектот со следните аранжмани: По спроведувањето на проектот, Владата ќе осигура ефикасно
и ефективно искористување на обучениот персонал и ќе создаде соодветни
услови за имплементација на препораките на проектот. Односно ќе се стреми
да ја стави во пракса националната шумска политика и стратегија преку
партиципативни пристапи и механизми, промовирајќи го своето знаење и пренесување
на истото. Владата исто така ќе ги усвои и спроведе препорачаните институционални
реформи во јавниот и приватниот сектор и ќе го спроведе новиот закон за
шуми штом ќе биде одобрен од парламентот. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Забелешки? Ве молам
пишете му на администраторот. |
© FAO Скопје, 2005 |