|
14 февруари 2005 - Прва мисија Започна првата мисија на меѓународниот консултант по шумарска политика и институции - Николај Јонов и на советникот од FAO - Ив Дубе. 15 февруари 2005 - Почеток на проектот Средба на претставниците од FAO со претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.
23 февруари 2005 - Назначен е Национален координатор Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство - Садула Дураки, го назначи Јовица Ристовски за Национален координатор на проектот. Министерот исто така го назначи и Претседателот на Управниот одбор - Петруш Попов, а за член на управниот одбор го назначи Зоран Златевски. 25 февруари 2005 - Повик за членови во Управниот комитет Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство упати писма до соодветните Министерства, институции и организации, препознаени како главни заинтересирани страни, да назначат членови за во Управниот комитет. 8 март 2005 - Прв состанок на Работната група Дефиниран е составот на работната група и поделени се задачите: Ангеле Спировски - управување со државни
ресурси и приватни шуми 22 април 2005 - Министерска декларација Во 12:00ч во салата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Министерот даде изјава за новинарите и со тоа го прогласи почетокот на проектот за „Институционален развој и јакнење на капацитетите на секторот за шумарство и под секторите на дрвната индустрија“. повеќе... 16 мај 2005 - Обука за партиципативен пристап Од 16 мај до 19 мај 2005, членовите на работната група заедно со други значајни луѓе вклучени во проектот подлегнаа на обука за шумари во партиципативен пристап, кој ќе се искористи во текот на формулацијата на шумарската политика и стратегија. повеќе... 19 мај 2005 - Регионална средба - Скопје Од 10:00ч во просториите на FAO Координативната канцеларија во Скопје се одржа регинален состанок за прибирање на мислења и предлози од заинтересираните страни во шумарството на тема „Односот на шумарството како стопанска гранка спрема шумата како екосистем“. Овој состанок е прв од серија на партиципативни состаноци за вклучување на јавноста и сондирање на нивното мислење по однос на шумарството во Македонија. повеќе... 10 јуни 2005 - Регионална средба - Струмица Од 12:00ч во хотел „Илинден“ - Струмица се одржа регинален состанок за прибирање на мислења и предлози од заинтересираните страни во шумарството на тема „Управување со шумските ресурси - проблеми и решенија“. повеќе... 16 јуни 2005 - Регионална средба - Виница Од 12:00ч во хотел „Слив“ - Виница се одржа регинален состанок за прибирање на мислења и предлози од заинтересираните страни во шумарството на тема „Управување со шумските ресурси во државна и приватна сопственост“. повеќе... 23 јуни 2005 - Регионална средба - Маврово Од 12:00ч во хотел „Макпетрол“ - Маврово се одржа регинален состанок за прибирање на мислења и предлози од заинтересираните страни во шумарството на тема „Проблемите во шумарството“. повеќе... 29 јуни 2005 - Регионална средба - Охрид Од 12:00ч во хотел „Вила св. Софија“ - Охрид се одржа регинален состанок за прибирање на мислења и предлози од заинтересираните страни во шумарството на тема „Стопанисување со шумите во регионот“. повеќе... 19 септември 2005 - Формулирана првата предлог Национална стратегија за развој на шумарството Работејќи интензивно од месец јуни, Работната група ја формулираше првата предлог Национална стратегија за развој на шумарството во Република Македонија. повеќе... 25 октомври 2005 - Консултативен состанок Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по повод изготвувањето на предлогот Национална стратегија за развој на шумарството во Република Македонија, организира национален Консултативен состанок. На состанокот се поканети да учествуваат претставници од сите релевантни и заинтересирани организации и институции во Република Македонија. Состанокот ќе се одржи во хотел Александар Палас од 12:00ч. Се повикуваат сите да дадат придонес со доставување на свои забелешки или предлози по однос на предлог Националната стратегија за развој на шумарството во Република Македонија. 11 ноември 2005 - Состанок на Управниот комитет Управниот комитет го одржа својот втор состанок во салата при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде се разгледуваше предлог Националната стратегија за одржлив развој на шумарството. По дебатата предлог Стратегијата беше поздравена и одобрена од страна на Управниот комитет. 22 март 2006 - Експертски консултативен состанок Во просториите на Шумарскиот Факултет - Скопје, на 22
март 2006г. ќе се одржи Експертски консултативен состанок по повод првиот
предлог Акционен план за одржлив развој на шумарството. На состанокот
ќе учествуваат експерти од неколку институции, а ќе се рагледува предлог
Акциониот план. март 2006 - Регионални состаноци Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
заедно со Организацијата за храна и земјоделство, а во соработка и координација
со локалната самоуправа, повторно започнува со серија на регионални состаноци.
Овој пат тие се организираат по повод првиот предлог
Акционен план за одржлив развој на шумарството. 30 март 2006 - Регионален состанок во Прилеп Од 12:00ч во хотел „Кристал Палас“ - Прилеп се одржа регинален состанок за прибирање на мислења и предлози во врска со првиот предлог Акционен план. повеќе... 31 март 2006 - Регионален состанок во Струмица Од 12:00ч во домот на АРМ - Струмица се одржа регинален состанок за прибирање на мислења и предлози во врска со првиот предлог Акционен план. повеќе... 4 април 2006 - Регионален состанок во Кичево Од 12:00ч во хотел „Кичево“ - Кичево се одржа регинален состанок за прибирање на мислења и предлози во врска со првиот предлог Акционен план. повеќе... 6 април 2006 - Регионален состанок во Свети Николе Од 12:00ч во хотел „Овче Поле“ - Свети Николе се одржа регинален состанок за прибирање на мислења и предлози во врска со првиот предлог Акционен план. повеќе... 4 мај 2006 - Состанок на Управниот комитет Управниот комитет го одржа својот трет состанок во салата при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде се разгледуваше предлог Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија со Акциониот план. По дебатата предлог Стратегијата и Акциониот план беа поздравени и одобрени од страна на Управниот комитет. 11 мај 2006 - Промотивен состанок Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по повод изготвувањето на предлогот Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија со Акционен план, организираше промотивен состанок. На состанокот беа поканети да учествуваат претставници од сите релевантни и заинтересирани организации и институции во Република Македонија. Состанокот се одржа во хотел „Александар Палас“ од 11:00ч. повеќе... 19 јуни 2006 - Усвоена стратегија С О О П Ш Т Е Н И Е од 107-та седница на Владата на Република Македонија На денешната седница Владата ја разгледа и ја усвои Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија, со Акционен план 2007-2009. Стратегијата преставува значаен документ со кој се поставува рамка и се дефинираат насоките за водење на одржлива шумарска политика, а воедно, се врши комплетно уредување на шумарството во Република Македонија. Со Стратегијата се предвидува воспоставување нови институции, воспоставување на партиципативен пристап во решавање на проблемите во шумарството и се утврдува временската динамика за имплементација на сите активности во Акциониот план. Со усвојувањето на Стратегијата се очекува проширување, подобрување на квалитетот и заштита на шумскиот фонд, мултифункционално стопанисување со шумите и одржлив развој на шумарството, утврдување на условите за изнаоѓање на национални и меѓународни фондови за поддршка на развојот на шумарството и дефинирање на главните насоки на законската регулатива од областа на шумарството со националните интереси и меѓународните обврски. 12 септември 2006 - Технички состанок Се одржа Технички состанок во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а помогнат од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации. На состанокот присуствуваа вкупно 18 учесници - стручни лица и лица засегнати со спроведувањето на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија. Цел на состанокот беше да се дефинираат слабостите, односно опасностите кои може да се сретнат при спроведувањето на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија и Акциониот план 2007 - 2009. повеќе... 12 октомври 2006 - Работилница за легислативата во шумарството Работилницата за легислативата во шумарството се одржа во Конференцискиот и студијскиот центар при Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ - скопје. Работилницата ја организираше Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со помош од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации. На состанокот присуствуваа 30 учесници - стручни лица и лица засегнати со спроведувањето на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија. повеќе... |
Забелешки? Ве молам
пишете му на администраторот. |
© FAO Скопје, 2006 |