Почитувани дами и господа, претставници на медиумите
Денес е првиот чекор од овој процес. Наскоро преку медиумите ќе биде повикана пошироката јавност, организациите и поединци да дадат свои забелешки, коментари и мислења во однос на нашата Национална шумска политика и стратегија. Ова е наша обврска како би постигнале консензус во однос на развојот на нашите природни ресурси сега и во иднина. Гледајќи одблизу на шумарскиот сектор разбираме колку навистина важен и вреден природен ресурс ние имаме. Ние гледаме кон него во контекст на меѓународно значење и допринес на одржлив социјален, економски развој преку инегрална заштита на животната средина и природните ресурси. Со надеж дека ќе работиме заедно, очекувам овој процес да даде успешен резултат - Национална шумска политика и стратегија која ќе биде одобрена од Владата на Република Македонија. На крајот, би сакал да ја изразам нашата огромна благодарност до Организацијата за храна и земјоделие при Обединетите Нации FAO за својата активна и важна улога во поддршка на овој процес. Благодарам. Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Садула Дураки
Галерија со слики
|
Забелешки? Ве молам
пишете му на администраторот. |
© FAO Скопје, 2005 |