АКТИВНОСТИ

Работилница за легислативата во шумарството

12 октомври 2006 година, Университетска библиотека „Св. Климент Охридски“.

Работилницата за легислативата во шумарството се одржа во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а со помош од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации. На состанокот присуствуваа 30 учесници - стручни лица и лица засегнати со спроведувањето на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија.

Целта на состанокот беше да се дефинираат областите во кои има потреба за промена на постојните закони од шумарството, односно да се ускладат со Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија и Акциониот план 2007 - 2009.

Учесниците беа поделени во три групи во кои дискутираа на четири области за промените на легислативата:

  1. Стратегија и планирање во управувањето.
  2. Користење на шумите.
  3. Јавно учество.
  4. Приватни шуми.

Бројните мислења и предлози кои произлегоа на работилницата понатаму ќе бидат разгледани и земени во предвид од страна на меѓународниот и домашниот консултант по легислатива во шумарството при подготвувањето на нивните предлози за подобрување на легислативаа во шумарството.

 

Работа по групи

Дискусии

Презентација на групната работа

Технички состанок

12 септември 2006 г., хотел „Тимс“

Техничкиот состанок се одржа во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а помогнат од Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации. На состанокот присуствуваа вкупно 18 учесници - стручни лица и лица засегнати со спроведувањето на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија.

За цел на состанокот беше да се дефинираат слабостите, односно опасностите кои може да се сретнат при спроведувањето на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија и Акциониот план 2007 - 2009. Состанокот го водеше Бојан Ранташа, национален консултант за партиципативност, информирање и јавна свест.

Учесниците во пленарната дискусија идентификуваа позитивни и негативни страни на имплементацијата, кои понатаму ги поделија на внатрешни и надворешни опасности, односно фактори кои може да влијаат во спроведувањето на Стратегијата.

На состанокот беа идентификувани следните фактори кои позитивно влијаат на спроведувањето на Стратегијата и Акциониот план:

  • Постоење на позитивна клима во јавноста и во директно инволвираните субјекти за значењето на шумарството и консензус за имплементериање на стратегијата;
  • Поситивни светски трендови за значење на шумарството.

На состанокот беа идентификувани следните фактори кои негативно влијаат на спроведувањето на Стратегијата и Акциониот план:

  • Слабата соработка со другите сектори (Водостопанство, ЈП "Пасишта", проекти);
  • Немање на метод за вклучување на заинтересираните страни;
  • Потребна обука на младите кадри;
  • Недостаток од 'тим за имплементација';
  • Опасност во финансирањето на акциите (Оптоварување на програмата за репродукција на шумите);
  • "Дупки" во буџетот;
  • Неефикасноста на државниот апарат: судот, полицијата, правниот систем;
  • Нерешените имотно-правни односи;
  • Статусот на секторот за шумарство во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство; и
  • Политизацијата на процесот.

Учесниците донесоа и предлози на кои ќе треба да се внимава при спроведувањето на акции од Акциониот план:

  • • Зависност на спроведување на акциите од спроведувањето на другите процеси во државата: реформа на судскиот систем, катастарот;
  • Внимание на временската рамка и меѓусебната последичност на акциите (пр. акција 18 со акциите 6, 7, 19, 22 и 40); и
  • Поткрепување на мерките со реални можности за финансирање (особено во поглед на социјалниот аспект).

Како особено важно се истакна потребата да Стратегијата и акциите да бидат одржливи, односно да се осигура нивната одржлиост, особено во финансиски и економски план.

Учесниците како нај итни потреби кои треба да се задоволат, покрај гореспоменатите фактори, ги идентификуваа и следните конкретни области за јакнење на капацитетите на шумарството како сектор:

  • Стекнување на јазични вештини;
  • Стекнување на комуникациски вештини;
  • Стекнување на компјутерски знаења;
  • Стекнување на знаења од областа на менаџирањето со проекти;
  • Стекнување на знаења за прибирање, односно изнаоѓање на средства; и најважно
  • Зголемување на бројот на човечките ресурси.

Препорака од овој состанок е итно формирање на тим кој ќе го води процесот на имплементација на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија, како што е предвидено во Стратегијата; превземање на целосна одговорност за спроведување на Стратегијата и Акциониот план од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно секторот за шумарство; и обезбедување на соодветна промоција и информирање на јавноста за целиот процес.

Презентација на мислењата.

Технички состанок.

Технички состанок.

Промотивен состанок

11 мај 2006 г., хотел „Александар Палас“

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по повод изготвувањето на предлогот Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија со Акционен план, организираше промотивен состанок. Состанокот го отвори Заменикот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, М-р. Санде Џамбазовски, по што следеше обраќање на Советникот за шумарска политка, Г-дин. Ив Дубе од ФАО од Рим. На состанокот Националниот координатор на проектот се обрати на публиката и даде краток преглед на стратегијата и акциониот план.

На состанокот беа присутни 109 учесници, претставници од сите заинтересирани страни во шумарството како: сопственици на приватни шуми, разни министерства, НВО-а, државното шумарство итн. и неколку новинари.

Обраќање на М-р. Санде Џамбазовски, Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Обраќање на Г-дин. Ив Дубе, Служба за шумарство (планирање), ФАО - Рим

Учесници на Националниот консултативен состанок

Регионален состанок во Свети Николе

6 април 2006 г., хотел "Овче Поле"

На состанокот се користеа партиципативни методи за дознавање на мислењата и идеите по однос првиот предлог Акционен план за имплементација на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија. На состанокот присуствуваа 23 претставници од локалната самоуправа, невладини организации, сопственици на приватни шуми, вработени во шумарството итн.

Групните проценки за сегашната состојба беа доста позитивни, така да во Македонија (во југжно и западниот регион) планот не мора да претрпи многу измени. Учесниците истакнаа четири најважни предлози кои ќе допринесат за подобрување на Акциониот план:

1. Процент од државниот буџет да се одвои за шумарството;
2. Изготвување на предлог иницијативи за измена на законската регулатива за поригорозно казнување (посебно кај палењето на оган, бесправна сеча, палење);
3. Обезбедување на сигурен извор на финансиски средства за реализација на Акциониот план и обезбедување на пристап до европските фондови за развој на шумарството;
4. Брза трансформација на ЈП МШ;
5. Зголемување на бројот на шумочувари, шумска полиција и инспекција за поефикасна контрола на движењето на нелегализираното огревно и техничко дрво.

Работа по групи

Работа по групи

Работа по групи

Регионален состанок во Кичево

4 април 2006 г., хотел "Кичево"

На состанокот се користеа партиципативни методи за дознавање на мислењата и идеите по однос првиот предлог Акционен план за имплементација на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија. На состанокот присуствуваа 21 претставник од локалната самоуправа, невладини организации, сопственици на приватни шуми, вработени во шумарството итн.

Групните проценки за сегашната состојба беа доста позитивни, така да во Македонија (во југжно и западниот регион) планот не мора да претрпи многу измени. Учесниците истакнаа четири најважни предлози кои ќе допринесат за подобрување на Акциониот план:

1. Учество на локалната самоуправа во ууправувањето и како носител;
2. Да биде сеопфатен и детален;
3. Издавање на државни шуми на концесија за управување (неопфатеност);
4. Имплементација на акциониот план и повратно информирање за истиот.

Работа по групи

Работа по групи

Презентација на предлозите

Регионален состанок во Струмица

31 март 2006 г., Дом на АРМ

На состанокот се користеа партиципативни методи за дознавање на мислењата и идеите по однос првиот предлог Акционен план за имплементација на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија. На состанокот присуствуваа 15 претставници од локалната самоуправа, невладини организации, сопственици на приватни шуми, вработени во шумарството итн.

Групните проценки за сегашната состојба беа доста позитивни, така да во Македонија (во југжно и западниот регион) планот не мора да претрпи многу измени. Учесниците истакнаа три најважни предлози кои ќе допринесат за подобрување на Акциониот план:

1. Обезбедување на вистински критериуми за формирање на лиценцирани фирми;
2. Приоритет при имплементацијата на актите од планот;
3. Обезбедување на финансиски средства.

Работа по групи

Работа по групи

Презентација на предлозите

Регионален состанок во Прилеп

30 март 2006 г., хотел "Кристал Палас"

На состанокот се користеа партиципативни методи за дознавање на мислењата и идеите по однос првиот предлог Акционен план за имплементација на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија. На состанокот присуствуваа 22 претставници од локалната самоуправа, невладини организации, сопственици на приватни шуми, вработени во шумарството итн.

Групните проценки за сегашната состојба беа доста позитивни, така да во Македонија (во југжно и западниот регион) планот не мора да претрпи многу измени. Учесниците истакнаа четири најважни предлози кои ќе допринесат за подобрување на Акциониот план:

1. Подобра едукација и клученост на други институции;
2. Средства од експлоатацја на шумите да остануваат во општината (даноци, концесии);
3. Вклучување на локалната самоуправа и други субјекти за координација на Акциониот план;
4. Финансиска рамка - доход, расход да се определи;

Работа по групи

Работа по групи

Работа по групи

Експертски консултативен состанок

22 март 2006 г., Шумарски Факултет - Скопје

На состанокот се користеа партиципативни методи за дознавање на мислењата и идеите по однос првиот предлог Акционен план за имплементација на Стратегијата за одржлив развој на шумарството во Република Македонија.

Учесниците истакнаа три најважни предлози кои ќе допринесат за подобрување на Акциониот план:

1. Еднаков третман на приватните и државните шуми (приватни - управување, државни - стопанисување);
2. Нема акција да се дојде до интегрирано управување;
3. Потреби од измени и дополнување (дел 4.2, 1.1.2, 4.1.4).

Работа по групи

Работа по групи

Работа по групи

Национален консултативен состанок

25 октомври 2005 г., хотел Александар Палас

Тимот кој работеше на формулирањето на предлогот Национална стратегија за развој на шумарството се соочи со својата најголема задача - да ги задоволи барањата на сите заинтересирани страни од шумарството, за што се организираше Национален консултативен состанок. На состанокот беа присутни 81 учесник претставници од сите саинтересирани страни во шумарството: приватни шумо-сопственици, разни министерства, здруженија на граѓани, државно шумарство итн. и неколку новинари.

Неколоку луѓе дадоа предлози во однос на предлог Националната стратегија за развој на шумарството во усмена и пишана форма. Овие предлози ќе бидат земени во предвид од страна на Работната група на следниот состанок и ќе се разгледа можноста за нивно имплементирање во шумарскиот стратешки документ.

Сите они кои ја немаа таа можност да ги достават своите предлози и забелешки на консултативниот состанок, тоа ќе може да го направат преку нашaтa контакт електронска или обична пошта.

Работната група на Национална стратегија за развој на шумарството

Учесници на Националниот консултативен состанок

Предлози

Национален консултативен состанок

Формулирање на Првата предлог Национална стратегија за развој на шумарството

19 септември 2005 г., FAO Координативна канцеларија во Скопје

Со остварувањето на регионалните состаноци ширум Македонија и добивањето на предлозите по однос на шумарството, Работната група започна со формулацијата на Националната шумарска стратегија. Во интензивна работа започнувајќи од месец јуни до средината на септември, членовите на Работната група остварија серија состаноци каде ја формулирашаа Првата предлог Национална стратегија за развој на шумарството во Република Македонија.

 

Состанок на Работната група за формулирање на Политиката

Состанок на Работната група за формулирање на Политиката

Регионален состанок во Охрид

29 јуни 2005 г., хотел"Вила св. Софија"

На состанокот се користеа партиципативни методи за дознавање на мислењата и идеите по однос на шумарството во Македонија на темата "Стопанисување со шумите во регионот".

Групните проценки за сегашната состојба беа благо позитивни, така да во Македонија (во југо-западниот регион) мерките не мора да бидат многу силни за да се подобри ситуацијата. При тоа учесниците истакнаа четиири најважни предлози кои ќе допринесат за надминување на постоечката ситуација:

1. Флексибилност и прилагодување во работата според условите;
2. Организациона поставеност на ЈП Македонски шуми;
3. Децентрализација на ЈП Македонски шуми;
4. Зајакнување на институциите;
5. Реорганизација на ЈП Македонски шуми;

Едноставни напатствија за темата

Работејќи на предлозите

Презентација на предлозите

Регионален состанок во Маврово

23 јуни 2005 г., хотел"Макпетрол" - Маврово

На состанокот се користеа партиципативни методи за дознавање на мислењата и идеите по однос на шумарството во Македонија на темата "Проблемите во шумарството".

Групните проценки за сегашната состојба беа генерално негативни за тоа прашање, така да во Македонија мерките мора да бидат многу силни за да се подобри ситуацијата. При тоа учесниците истакнаа пет најважни предлози кои ќе допринесат за надминување на постоечката ситуација:

1. Соодветна кадровска политика во однос на заштитата и подобра поременост;
2. Едукација и соработка на граѓаните со надлежнте институции;
3. Подобра соработка на шумските стопанства со полицијата и подобра екипираност на полицијата;
4. Децентрализација со стопанисување;
5. Давање третман на големите општествени проблеми решавање со сите ресурси на државата;

Фацилитатиорите им објаснуваат на групите

Индивидуална работа за проблемите во шумарството

Рангирање на важноста на предлозите

Презентација на резултатите

Регионален состанок во Виница

16 јуни 2005 г., хотел "Слив" - Виница

На состанокот се користеа партиципативни методи за дознавање на мислењата и идеите по однос на шумарството во Македонија на темата "Управување со шумските ресурси во државна и приватна сопственост".

Групните проценки за сегашната состојба пока`ува дека негативното мислење доминира, така да во Македонија мерките мора да бидат многу силни за да се подобри ситуацијата. При тоа учесниците истакнаа пет најважни предлози кои ќе допринесат за надминување на постоечката ситуација:

1. Децентрализација на Јавното Претпријатие;
2. Управување со шумскиот фонд на локално ниво ;
3. Строго спроведување на законските регулативи од сите институции;
4. Национална стратегија;
5. Професионализација на стручниот кадар;

Идентификување на позитивните и негативните страни

Изнаоѓање на предлози за подобрување на ситуацијата

Презентација на предлозите пред целата група

Регионален состанок во Струмица

10 јуни 2005 г., хотел "Илинден" - Струмица

На состанокот се користеа партиципативни методи за дознавање на мислењата и идеите по однос на шумарството во Македонија на темата "Управување со шумските ресурси - "проблеми и решенија".

Групните проценки за сегашната состојба беа доста различни, така да во Македонија мерките мора да бидат силни за да се подобри ситуацијата. При тоа учесниците истакнаа четиири најважни предлози кои ќе допринесат за надминување на постоечката ситуација:

1. Флексибилна организациона форма на ниво на држава, општина;
2. Децентрализација на шумарството;
3. Реорганизација на ЈП "Македонски Шуми";
4. Основна стратегија за управување со шумските ресурси;

Поделба во група

Работа на предлозите

Конечна презентација на сите предлози

Регионален состанок во Скопје

19 мај 2005 г., просториите на FAO координативна канцеларија во Скопје

На состанокот се користеа партиципативни методи за дознавање на мислењата и идеите по однос на шумарството во Македонија на темата "Односот на шумарството како стопанска гранка спрема шумата како еко-систем".

При тоа учесниците истакнаа четиири најважни предлози кои ќе допринесат за надминување на постоечката ситуација:

1. Спроведување на законска регулатива;
2. Социо-економски развој;
3. Преструктуирање на шумарството;
4. Донесување на национална стратегија за шумарството;

Вовед во пристапот

Понатамошни дискусии на темата

Обука за партиципативен пристап

Од 16 мај до 19 мај 2005 г. во хотел Континентал - Скопје, членови од работната група и други значајни луѓе кои се вклучени во проектот, подлегнаа на обука за шумари во партиципативен пристап, кој ќе се искористи во текот на формулацијата на шумарската политика и стратегија.

Обуката се состоеше од три дела:

- Работилница
- Теренски посети
- Состанок со заинтересирани страни

Ментор на обуката беше Јуриј Бегуш.

Методи на визуелизација - комуникација со заинтересираните страни

Картирање на проблеми и решенија

Повторување на наученото

Тим на обучени шумари за партиципативен пристап
(од лево, горе: Александар Николовски, Јуриј Бегуш, Драган Серафимовски, Војо Гоговски, Пејо Тодевски, Александар Андоновски, Ангеле Спировски;
доле: Сашо Петровски, Велимир Ранковиќ, Бојан Ранташа)

 Забелешки? Ве молам пишете му на администраторот.
© FAO Скопје, 2005